Трибина посветена на македонската филозофска терминологија

 

Трибината на тема „Македонски филозофски терминолошки речник: искуства и предизвици (Античка филозофија)“ и работилницата насловена „Терминот ὕλη во контекст на Аристотеловата филозофија – преводни предизвици, дилеми, решенија“ во организација на Здружението на класични филолози „Антика“ и Филозофското друштво на Македонија ќе се одржат на 16 март (среда) во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, а може да присуствуваат сите заинтересирани, без разлика дали сте пријавени за работилницата и дали имате конкретни знаења од старогрчкиот јазик. Во текот на оваа интерактивна работилница учесниците ќе имаат можност да преведуваат заедно и да дискутираат околу можностите за превод, односно околу значењата на терминот ὕλη на определени места од Аристотеловиот корпус. Подготвените материјали за работа беа дистрибуирани до сите пријавени.

 

You may also like...