Седма панел дискусија од ХФФ II: Lingua sua (Сопствениот јазик)

Седмата панел дискусија од Христијанскиот философски форум II ќе се одржи во просториите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци на 29 ноември (вторник, 19 ч.).
Тема на дискусијата е Lingua sua (Сопствениот јазик), а гости на панелот ќе бидат:
д-р Бобан Карапејовски (доцент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“,
УКИМ – Скопје) и д-р Игор Радев (синолог, независен истражувач).

Домаќини на дискусијата се: д-р отец Милан Ѓорѓевиќ (професор на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, УКИМ – Скопје)
и д-р Ристо Солунчев (професор на Филозофскиот факултет, УКИМ – Скопје).

На Форумот ќе се дискутира за јазикот, идентитетот и заедничарењето (јазичниот диверзитет и единството – локални, глобални и есхатолошки импликации;
јазичната посебност – пречка или предуслов за заедничарење со другиот;
јазикот – од средство за служење до средство за потичнување;
јазичноста и метадискурзивноста; мачеништво со збор – кризата на јазикот во современото христијанство…)

You may also like...