„Филозофски истражувања“ со
Никола Стојкоски

По неколкугодишна пауза Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија ја реактивираат формата „Филозофски истражувања“. На овие академски настани се презентираа(т) главните идеи на новоодбранетите магистерски и докторски трудови од областа на филозофијата, но и истражувањата преточени во значајни книги (студии), излезени во меѓународни реномирани издавачи.

На 4 ноември (петок, 12:00 ч.) во Слушална 8 на Филозофскиот факулет во Скопје колегата Никола Стојкоски ќе ги презентира своите истражувања во предавањето со наслов: „НАВРАЌАЊЕ НА СТАРИТЕ МЕТАФИЗИЧКИ ПРАШАЊА“. Неговите истражувања во 2018 година резулираа со излегување на студијата “Essay on Human Reason: On the Principle of Identity and Difference” (Есеј за човечкиот разум: за принципот на идентитет и разлика) кај реномираниот американски издавач Vernon Press.

Настанот е од отворен карактер и присутните, како и секогаш, ќе можат да постават прашања или да отворат дискусија со предавачот.
Линк до студијата: https://vernonpress.com/book/434

 

You may also like...