„Филозофска трибина“ број 35 и 36

Неодамна од печат излегоа 35. и 36. број од „Филозофска трибина“.

Во „Филозофска трибина 35“ има четири текстови од темата на бројот: „АДАМ СМИТ: 300 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО“ (од проф. д-р Јасмина Поповска, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Куштрим Ахмети и д-р Игор Поп Трајков), тема од минатогодишниот симпозиум во рамките на Светскиот ден на филозофијата (одржан на 16 ноември 2023 година). Потоа, четири авторски текстови (од д-р Лазар Фотев, проф. д-р Марија Тодоровска, Милчо Манчевски и проф. д-р во пензија Александар Прокопиев); еден превод од кинескиот филозоф Чжуа̄нг Ци̌’ придружен и со предговор од д-р Игор Радев; два студентски текста (од Благоја Николовски и Илија Вељаноски); еден текст во рубриката Средношколски форум (од Теодора Лазеска); три прикази на книги (од проф. д-р Ана Димишковска, проф. д-р Марија Тодоровска и Наташа Атанасова); и два прилога во рубриката Филозофски живот.

„Филозофска трибина 36“ е посветена на нашиот професор, акад. Ферид Мухиќ, односно тема на бројот: „ФЕРИД МУХИЌ – ТВОРЕШТВО И ИНСПИРАЦИЈА“. Од вкупно 17 текстови, девет се класирани во подрубриката есеи (од проф. д-р во пензија Мирко Ѓошевски, проф. д-р во пензија Драшко Бјелица /Србија/, проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Слаѓана Ристиќ Горгиев /Србија/, проф. д-р во пензија Радомир Виденовиќ /Србија/, д-р Гоце Смилевски, проф. д-р во пензија Златко Жоглев, проф. д-р Сузана В. Спасовска и проф. д-р Марија Леонтиќ), а осум во прикази (од акад. Шефкет Крциќ /БиХ/, акад. Шербо Растодер /БиХ/, проф. д-р во пензија Ѓуро Шушњиќ /Србија/, проф. д-р Чедомир Чупиќ /Србија/, проф. д-р Ана Димишковска, проф. д-р Фахира Фејзиќ Ченгиќ /БиХ/, проф. д-р Бранко Горгиев /Србија/ и Томислав Османли. Во списанието, исто така, е приложена обемната библиографија на проф. Мухиќ. Освен тоа, во бројот се поместени и еден текст во рубриката Средношколски форум (од Методиј Стојанов) и три прилога во рубриката Филозофски живот (од кои еден е приказ на 25. Светски филозофски конгрес /Рим, 1-8 август/ од Никола Стојкоски).

Целокупната содржина на двата броја, можете да ја најдете на следните линкови https://fdm.mk/filozofska-tribina-br-35-2/ и https://fdm.mk/filozofska-tribina-36/

Излегувањето на „Филозофска трибина“ е поддржано од страна на Министерството за култура и списанијата можат да се најдат во Книжарница Или Или, Култура – Во светот на книгите и Буква, по цена од 150 ден. по примерок.

You may also like...