16. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ
Информираме за претстојното 16. издание на Филозофскиот филмски фестивал16. филозофски филмски фестивал (16. ФФФ), којшто годинава се одржува под мотото „Слобода во слободен пад“. Главната програма ќе се одржи од 21-28 мај во Младинскиот културен центар – Скопје (МКЦ).
Фестивалот на 21 мај (четврток, 20:00) ќе биде отворен со филмот од официјална селекција на долгометражен филм „Друг крај“ на италијанскиот режисер Пјеро Месина. Последниот филм што го снима Жан-Лик Годар, краткометражниот „Сценарија“ ќе биде прикажан на затворањето на Фестивалот на 28 мај (четврток, 20:00). Фестивалот годинава ќе има гости од Италија, Бугарија, Швајцарија, Австрија и неколку домашни теоретичари и филмски познавачи. За отворањето и затварањето на Фестивалот се предвидени музички концерти на „Галактик ефенди“ и „Кокиче“ проследени со пригодни коктел забави.
За времетраењето на Фестивалот во „Фросина“ (МКЦ) ќе можат да се погледнат:
- 5 филмови во Официјалната селекција на долгометражни филмови (селектор: проф. м-р Кирил Трајчев) – „Друг крај“ од Пјеро Месина /IT/, „Спомен за мирисот на нештата“ од Антонио Фереира /BR/PT/, „Туѓинка“ од Лусија Алењар Иглесијас /ES/IT/SE/, „Тивок пријател“ од Илдико Ењеди /CN/DE/FR/HU/ и „Месечината ми е татко“ од Гиорги Овашвили /BG/CZ/DE/GE/TR/.
- 15 филмови во Официјалната селекција на краткометражни филмови (селектор: д-р Дејан Здравков) – филмови/копродукции од 24 земји: OAE, Канада, Шпанија, Хрватска, Србија, Словенија, Литванија, Норвешка, Нов Зеланд, Бразил, Кина, Аргентина, Франција, Грција, Палестински територии, Бангладеш, Филипини, Данска, ЈАР, Исланд, Шведска, Мексико, Македонија, Хаити.
- 7 филмови во Селекцијата на есеј филмови (селектор: Ана Дишлиеска Митова) – „Постојан центар на гравитација“ од Лилија Тимирзјанова /АТ/GR/RU/, „Сина планина. Бел облак“ од Мигле Крижинаускаите /LT/, „Ќе се разбудам кога ќе се наспијам“ од Сиги Голан /IL/, „Ноќните цвеќиња на Дарја“ од Марјам Тафакори / FR/GB/IR/, „Слободна верност“ од Даниел Џин /АU/, „Град на поети“ од Сара Раџаи/NL/ и „Вишок живот (и распаѓање)“ од Стефани Лагард /FR/NL/.
- 4 филмови во Ревијалната програма „Филм–философија“ – „Истражна постапка против еден граѓанин надвор од секакво сомнение“ (1970) од Елио Петри /IT/, излагање и дискусија со публика: Адријано Ерколани (Италија); „Ах, Кармела!“ (1990) од Карлос Саура /ES/IT/, излагање и дискусија со публика: м-р Грација Атанасовска; „Патот“ (1982) од Јилмаз Ѓунеј /FR/TR/, излагање и дискусија со публика: проф. д-р Дина Јорданова (Бугарија); „Ќе умреш на дваесет“ (2019) од Амџад Абу Алала /DE/EG/FR/NO/QA/SD/, излагање и дискусија со публика: проф. д-р Илина Јакимовска.
- 2 филмови во Придружна програма: „Јилмаз Ѓунеј: Неговиот живот, неговите филмови“ (1987) од Џејн Милс /GB/, обраќање на Донат Којш (Швајцарија), продуцент на „Патот“ од Јилмаз Ѓунеј; и „Сценарија“ (2024) од Жан-Лик Годар /FR/JP/.
ФФФ доделува награди „Златен був“ од стручното жири и од публиката во официјалните селекции на долгометражни и краткометражни филмови. Интернационалното жири го сочинуваат: Габриеле Зиндлер (Австрија), Адријано Ерколани (Италија) и Катерина Колозова (Македонија).
Филозофското друштво на Македонија се заблагодарува на сите институции и поединци коишто помогнаа во дизајнирањето на годинешната програма.
Целосната програма на 16. Филозофски филмски фестивал е достапна на веб-страницата: pff.mk.



