8. Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“

На 6-7 декември ќе се одржи 8. Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“. Тема на годинешниот дијалог е: „Филозофијата и глобалните проблеми“ (PHILOSOPHY AND GLOBAL ISSUES). Организатори на оваа етаблирана меѓународна филозофска дијалошка платформа се: Филозофското друштво на Македонија, Центарот за стратегиски истражувања при Македонската наука на науките и уметностите (ЦСИ – МАНУ), Меѓународниот славјански универзитет – Свети Николе и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Годинава собирот ќе се одржи во онлајн формат и на него ќе учествуваат 15 филозофи/истражувачи од 7 земји: Словенија, Грција, САД, Романија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Работен јазик на Дијалогот е англискиот, а заинтересираните можат да го следат на следните Zoom-линкови:

Подолу се линкови до официјалниот постер, програмата и апстрактите на учесниците.

Постер

Програма

Апстракти

You may also like...