Видео од предавањето
„Кантовата недруштвена друштвеност“ (Ungesellige Geselligkeit) на д-р Иван Миленковиќ

Минатата година, гостин на 14. Филозофски филмски фестивал беше д-р Иван Миленковиќ. Гостинот од Србија, во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје, на 10 јуни (2024) одржа и предавање на тема „Кантовата недруштвена друштвеност“ (Ungesellige Geselligkeit), во своевидна најава на симпозиумот „300 години Кант“ што се одржа во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на филозофијата. Видео записот од предавање се наоѓа на YouTube каналот на Фестивалот.