Трета дискусија
“Philosophia Christiana”:
ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Информираме за третата дискусија во рамите на Форумот за интердискурзивен дијалог “Philosophia Christiana” што ќе се одржи во петок (1декември, 19 ч.) во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Гости на домаќинот и модераторот на Форумот, д-р отец Милан Ѓорѓевиќ (професор на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“ при УКИМ – Скопје) ќе бидат д-р Владимир Цветковиќ (виш научен соработник на Институтот за философија и општествена теорија при Белградскиот универзитет), и архимандрит Иринеј Стефановски, (магистер по теолошки науки и дипломиран електроинженер). Тема на дискусијата е ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА од перспектива на Христијанската философија.

Третата дискусија од Форумот за интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“ ќе се сосредоточи врз актуелното прашање за вештачката интелигенција (ВИ), при што ќе го опсуди во контекст на христијанската философија и на информатичката наука. Дискусијата ќе има за задача да ги претстави различните димензии на феноменот на вештачката интелигенција, како и да ја демистифицира неговата рецепција и интерпретации во популарната култура. Особено внимание ќе им се обрне на етичките импликации на примената на оваа технологија во доменот на безбедноста, надзорот, јавната администрација, образованието, творештвото итн. Исто така, ќе се отворат и прашања кои ги допираат граничните сфери на христијанската аскетска антропологија, онтологија и гносеологија…

You may also like...