Проект: SOPHIE
(Philosophy With Children for Wider Social Inclusion)
Споделуваме официјална информација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Според неа, Филозофското друштво на Македонија како носител доби проект на Еразмус+ програмата во делот Партнерство за соработка во училишното образование (Partnership for Cooperation in School Education). Во двогодишниот проект со назив Philosophy With Children for Wider Social Inclusion (акроним SOPHIE), наши партнери се: Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје, Словенечкото филозофско друштво и Националниот и Кападистриски Универзитет на Атина, Грција. Со ова долгогодишната работа и заложби на нашите колеги во ова подрачје, а посебно во сегментот Фил(м)ософија со деца од Филозофскиот филмски фестивал, добива форма и институционална перспектива.