Промоција на 34. број на списанието „Филозофска трибина“

На 16 октомври (среда), во Културно информативниот центар – Скопје, со почеток во 19:00 ч., ќе се одржи промоција на 34. број на списанието „Филозофска трибина“.

Во „Филозофска трибина 34“ се поместени шест авторски текстови (од: Мирко Ѓошевски, Трајче Стојанов, Марија Тодоровска, Александар Стаматов, Пантелеј Кондратјук и Бошко Караџов). Списанието содржи и два преводи на текстови (од Еуген Финк и Стивен Фридман, во превод на Трајче Серафимовски и Ана Димишковска). Во рубриката Студентски форум има три текстови (од: Сара Котеска, Андреј Лазаревски и Илија Вељаноски). Рубриката Прикази содржи еден прилог од Ана Димишковска. Последната рубрика Филозофски живот ги содржи стандардните прилози (прегледите на филозофските настани и на новообјавените наслови со филозофско педигре), како и Осврт кон 13. Филозофски филмски фестивал сочинет од Марија Велинова.

Излегувањето на „Филозофска трибина“ е поддржано од страна на Министерството за култура.

Промотор на бројот ќе биде докторанд Душица Димитровска.

Повеќе за содржините на списанието можете да видите на следниот линк: https://fdm.mk/filozofska-tribina-br-34/.

Списанијата можат да се најдат во Книжарница Или Или, Култура – Во светот на книгите и Буква, по цена од 150 ден. по примерок.

You may also like...