Нови четири броја 
на „Филозофска трибина“ 
со слободен пристап
  
      
  	 
  		Филозофското друштво на Македонија на сите мислечки и творечки луѓе им посакува токму таква 2024 година! Во тој дух годинава ја започнуваме со слободен пристап до сите текстови на уште четири „Филозофски трибини“ (22&23, 24, 25 и 26). Со тоа сите броеви од возобновувањето на списанието (број 14, зима 2013) до број 26 (есен 2019 година) можат слободно да се најдат на нашата веб страница. Линк: https://fdm.mk/filozofska-tribina/.
Истовремено, известуваме дека и во 2024 година Друштвото и Редакцијата на списанието планираат излегување на два нови броја, па сите заинтересирани можат да испратат свои авторски текстови, прилози, прикази итн., на официјалната контакт адреса на списанието: filozofskatribina@outlook.com. Рокот за испраќање на пролетниот број (35) е 1 март, додека за есенскиот број (36) – 1 септември.

 
																			 
																			 
																			 
																											 
																											 
																											 
																											 
																											

