Нов број – Филозофска трибина бр. 30
Во ова издание можете да прочитате:
📌 8 авторски текстови на различни релевантни философски теми од: Денко Скаловски, Ристо Солунчев, Јасмина Поповска, Куштрим Ахмети, Лазар Фотев, Александар Симоновски, Ведран Диздаревиќ и Тони Димитров;
📌 превод на еден дел од Воведот на „Естетиката“ од Николај Хартман, од страна на Трајче Серафимовски;
📌 3 текстови во рубриката Студентски форум од колегите студенти: Љубица Покупец, Андреј Лазаревски и Никола Ристевски;
📌 победничкиот текст на Христијан Милановски од Конкурсот за најдобар есеј во рамките Средношколската видео лектира 2020 (дел од Едукативната програма на 10. Филозофски филмски фестивал), поместен во рубриката Средношколски форум;
📌 приказ на книгата „Збирка есеи од кинеската филозофија“ на колегата Александар Стаматов, од страна на Ана Димишковска.
📌 Во рубриката Филозофски живот можат да се најдат прилози со информации за филозофските настани и новопојавените филозофски наслови меѓу две „Трибини“, како и поширок осврт кон 11. Филозофски филмски фестивал.
📌 За жал и овој број започнува со пригоден комеморативен текст, овојпат за колегата проф. д-р Владимир Давчев (1962–2021) од страна на Сузана Симоновска.
📌 Во рубриката Библиографии е предаден еден дел од објавеното филозофско и научно творештво на проф. Давчев.
Целокупната содржина на 30. „Филозофска трибина“, можете да ја погледнете прикачена кон оваа информација подолу.
Излегувањето на овој број на „Филозофска трибина“ е поддржан од страна на Министерство за култура / Ministria e Kulturës и таа може да се најде во Или-Или и Култура – Во светот на книгите по цена од 150 ден. по примерок.