КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА
ЗА АКАДЕМИК ЈОРДАН
ПОП-ЈОРДАНОВ
На 12 март почина академик Јордан Поп-Јорданов (1925-2024), исклучителен македонски научник со светско реноме со значајни придонеси во областите на: неутрониката („метод на Поп-Јорданов“ за термализација на неутроните, објавено во престижното издание на Обединетите нации пред половина век); електроенергетиката (мултидизмензионална интерпретација на околински ризици); соларната енергија (квантни модели на тенки филмови), одржливиот развој (негентропски концепт и ментални индикатори); невронауката (мозочен електрицитет и квантни ментални спектри) и филозофијата на природните науки (интерпретација на микрочестичен дуализам).
Јордан Поп-Јорданов е член на МАНУ од 1969 година, а нејзин претседател во периодот 1984-1991 година.
Поп-Јорданов е носител на индекс бр. 1 на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што во 1956 година дипломира филозофија (со средна оценка 9,94).
Во 2015 година на одбележувањето на Светскиот ден на филозофијата Филозофското друштво на Македонија му додели на академик Поп-Јорданов ДИПЛОМА за ПОЧЕСЕН ЧЛЕН за придонес во развојот на филозофската култура во Македонија.
По повод смртта на академик Јордан Поп-Јорданов, Македонската академија на науките и уметностите ќе одржи Комеморативна седница на 15 март 2024 година (петок), во 12 часот.
Повеќе информации на: https://tinyurl.com/yz4kvcjf