„Филозофска трибина“ број 32

Информираме дека излезе од печат вториот (есенски) број за 2022 година, односно 32. издание на списанието „Филозофска трибина“. Во последната „Трибина“ се наоѓаат девет (9) статии во рубриката Авторски текстови, од авторите (редоследно): Иван Џепароски, Марија Тодороска,  Душица Ѓокиќ, Бошко Караџов, Игор Поп Трајков, Фросина Ѓоревска, Антонио Пановски, Христина Петкоска и Јасна Котеска. Тука, исто така, се поместени и два Превода на текстови од: Филип–Жозеф Салазар (превод од англиски на Владимир Ѓуровиќ) и Ајрис Мурдок (превод од англиски на Ведран Диздаревиќ). Во 32. „Филозофска трибина“ се среќаваат и по еден текст во рубриките Студентски форум (од Андреј Лазаревски) и Средношколски форум (од Ксенија Мано). Во продолжение има и три Прикази на книги од Ана Димишковска, Александар Стаматов и Боби Бадаревски. И на крај, во рубриката Филозофски живот можат да се најдат прилози со информации за филозофските настани и новите филозофски наслови меѓу две „Трибини“, како и поширок осврт кон 12. Филозофски филмски фестивал (од Андреј Лазаревски).

Ова издание на „Филозофска трибини“ е поддржано од Министерството за култура, а примероци наскоро можат да се најдат во Книжарница Или Или, Култура – Во светот на книгите и Буква по цена од 150 ден. по примерок.

Содржина на 32. број

You may also like...