Продолжување на дискусиите на
Христијански философски форум

Во текот на оваа седмица продолжуваат форум дискусиите од Христијанскиот философски форум.

Така, за денес (1 ноември, 19 ч.) е предвидена дискусија на тема Ut unum sint (Да бидат едно). Гости на панелот ќе бидат: д-р Владимир Градев (професор на Филозофскиот факултет, Софиски универзитет „Св. Климент Охридски, Бугарија) и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски (декан на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, УКИМ – Скопје). На Форумот ќе се разговара за перспективите на екуменскиот дијалог и единството на христијаните, односно за прашања поврзани со: дебатата околу единството на христијаните во римокатоличката и православната традиција, потешкотиите во однос на тоа и начините за нивно надминување, дијалогот со нелитургиските христијански заедници итн.

Тема на третата годинешна дискусија (3 ноември, четврток, 19 ч.), ќе биде Canticum novum (Нова песна) со учество на гостите: отец Игор Зиројевиќ (професор на Институтот „Симон Карас“ за византиска музика, Атина, Грција) и протопсалт Георгиј Секуловски (м-р, Факултет за музичка уметност, УКИМ – Скопје). На овој панел ќе се дискутира за древното и новото во црковната музика, црковната музика како израз и медиум на теологијата и философијата; хеленската и византиската естетика – начела, влијанија и разлики итн.

Иницијатори на овој Форумот, а воедно и домаќини во дискусиите се: д-р отец Милан Ѓорѓевиќ (професор на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, УКИМ – Скопје) и д-р Ристо Солунчев (професор на Филозофскиот факултет, УКИМ – Скопје).

Дискусиите ќе одат во живо на YouTube каналот на Форумот:
Христијански философски форум

а, исто така, ќе се стримуваат на ФБ-страницата на Форумот:
Христијански Философски Форум / Christian Philosophical Forum

You may also like...