Натпревари по филозофија, 2025/26
Натпреварот по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV год. средно образование го организира Филозофското друштво на Македонија, односно Комисијата на професорите при ФДМ по групата филозофски предмети во основното и средното образование.
Натпреварите се организираат на три нивоа: општинско, регионално и државно. Натпреварот на општинско ниво се организира во рамките на училиштата и за нив се одговорни соодветните предметни наставници. Сите информации неопходни за организирање на натпреварите на ова ниво ќе бидат дистрибуирани најдоцна до 15 јануари 2026 година.
На натпреварот можат да учествуваат сите редовни ученици во средните училишта во Република С. Македонија кои во IV год. го изучуваат предметот ФИЛОЗОФИЈА .
Учесниците на општинскиот натпревар ги пријавува предметниот наставник во училиштето и кај организаторот (на следната електронска адреса: macedonian.philosophy@gmail.com) најдоцна до 28 јануари 2026 година. Образецот на пријавата е во прилог на Конкурсот. За секој ученик се пополнува посебна пријава во .пдф формат.
Натпреварите на сите нивоа ќе се организираат на јазикот на кој се одржува наставата, односно, на македонски јазик и на албански јазик.
Натпреварот по филозофија се состои од писмено решавање на тест. На натпреварите на сите три нивоа ќе бидат поместени прашања што можат да се најдат во соодветниот учебник по Филозофија за IV год., односно нема да биде потребна дополнителна литература. Материјалот што не е поминат во редовната настава нема да биде застапен во тестот. Подолу, во прилог како урнек, е поместен тестот со прашањата од минатогодишниот Државен натпревар. На натпреварот не се дозволени никакви дополнителни помошни средства.
Натпреварите на општинско ниво треба да одржат во периодот помеѓу 29–31 јануари 2026 година. Регионалните натпревари ќе се одржат на 21 февруари 2026 год. (сабота) во четири града, Државниот натпревар на 14 март 2025 год. (сабота), на Филозофскиот факултет во Скопје. Македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad, 14-17 мај 2026 год., Варшава, Полска) ќе се одржи на 28 март 2026 година (сабота).
Лица за контакт: Љупчо Митковски, Претседател на Филозофско друштво на Македонија (071/317-664, ljmitkovski@hotmail.com); Владимир Ѓуровиќ, Координатор на Комисијата на професорите при ФДМ по групата филозофски предмети во основното и средното образование (070/956-631, vladimir_gj@yahoo.com); Фросина Постоловска (070/443-090, frosina.postoloska@ykc.edu.mk), Координатор на македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада.



