ПОБЕДНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ФИЛОЗОФИЈА, ЦИКЛУС 2024/2025

На 15 март на Филозофскиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV година средно образование. На натпреварот зедоа учество 23 ученици од 8 училишта од 7 градови од земјата. Според пропозициите на акредитацијата од Министерството за образование и наука која вели дека се доделуваат награди за едно прво, едно второ и едно трето место, по завршувањето на предвидената процедура ги наведуваме трите најдобро пласирани ученици.
Трето место:
Ивана Милеска
(СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, ментор: Дијана Милеска – Чуркоска),
Второ место:
Ања Миленкова
(СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Владимир Ѓуровиќ),
Прво место:
Мила Кралева
(СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева).
Годинешниот натпревар беше шести акредитиран натпревар што го спроведува Филозофското друштво на Македонија.
Сите учесници (ученици и наставници ментори) на Државниот натпревар добија сертификати за учество, а првопласираните ученици ќе добијат и пригодни награди (книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје) на специјален настан што ќе се организира кон крајот на месец мај.
Честитки до сите ученици и ментори што учествуваа на натпреварите, а посебно на најдобрите.