Државен натпревар по Филозофија

На 9 март на Филозофскиот факултет (12 ч., Голем амфитеатар) ќе се одржи Државниот натпревар по ФИЛОЗОФИЈА за ученици од IV година средно образование. Тоа ќе биде петти пат како Филозофското друштво на Македонија организира акредитирани натпревари по Филозофија.
На Државниот натпревар ќе учествуваат 37 ученици од 12 училишта, односно 10 градови од Републиката. Сите ученици, учесници на Државниот натпревар и нивните наставници/ментори ќе добијат соодветни сертификати, додека првопласираните ученици и пригодни награди во форма на публикации, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје (којшто е коорганизатор на Државниот натпревар).