Работилница:
„Зборови, сенки, идеи –
Платоновиот стил, јазик и мисла како преведувачки предизвик

Платоновата филозофија, поради употребата на дијалогот како медиум низ кој Платон одбира да ја претстави, претставува еден од најголемите преведувачки и интерпретативни предизвици во историјата на филозофијата. Токму поради ова, низ интерактивна анализа на неколку пасуси од Платоновите дела целта на оваа работилница е да се дебатира за проблемите и предизвиците со кои се соочуваме при пренесувањето на специфичните одлики на Платоновиот стил, јазик и мисла во процесот на преведување. Посебен акцент ќе се стави на синтаксичкиот и семантичкиот аспект на преведувањето, односно на аспектот на верно пренесување на мислата воедно со верно пренесување на стилските изразни средства на авторот.

Во работилницата можат да учествуваат сите заинтересирани, без разлика дали имаат знаење од старогрчкиот јазик.

You may also like...