25. Светски филозофски конгрес

Годинава од 1-8 август во Рим (Италија) се одржа 25. Светски филозофски конгрес (World Congress of Philosophy). Организатори на овој најпознат глобален собир на филозофите беа Меѓународната федерација на филозофски друштва (FISP – Fédération Internationale des Sociétés de Philosophie), Филозофското друштво на Италија и Sapienza University of Rome.

Генералната тема на Конгресот носеше наслов „Филозофија преку границите“ (“Philosophy across Boundaries”), поделена во уште пет т.н. „Сфери на граници“ (Личност, Транзиции, Правда, Земја и Бесконечност) и секоја од сферите застапена со по два симпозиума и една пленарна сесија. Дополнително, Конгресот содржеше и осумдесет и девет секции за презентација на трудови од различните филозофски дисциплини, предавања на поканети истакнати филозофи, како и специјални предавања, дијалошки сесии, тркалезни маси и студентски сесии.

За време на Конгресот се одржа и Генерално собрание на ФИСП, во коешто Филозофското друштво на Македонија е член од 2006 година и во чијашто работа учествуваше нашиот колега Никола Стојкоски. На Конгресот беше одлучено наредниот 26. Светски филозофски конгрес да се одржи во Токио.

Нашата земја во работниот дел од Конгресот беше претставена со два учесника.

  • Проф. д-р Јасна Котеска на покана од Тринити Колеџот во Торонто, Филозофскиот факултет во Љубљана, Централноевропскиот истражувачки институт за Сорен Кјеркегор Словенија (CERI-SK) и Интернационалната алијанса за социјална епистемологија и Хуаџоу универзитет на наука и технологија, Кина, се претстави со трудовите „Foucault’s Work between Philosophy and Psychoanalysis“, „The Concept of Oikonomia of Relations“, „Still the Spy of God: Søren Kierkegaard for the 21st Century“ и „Global Social Epistemology for the Contemporary Globalized World“, коишто беа презентирани од колеги од Канада, Словенија, Кина, Германија, Америка и други земји во панелните дискусии.
  • Никола Стојкоски во тематската секција Теории на познание и Епистемологија го презентираше трудот „Theory of Perception: Where the Material Touches the Mental“.

 

Подолу се линковите од презентираните трудови на нашите колеги Котеска и Стојкоски.

Јасна Котеска: 2 август 2024, Foucault’s Work between Philosophy and Psychoanalysis

Јасна Котеска: 5 август 2024, The Concept of Oikonomia of Relations

Јасна Котеска: 6 август 2024, Still the Spy of God: Søren Kierkegaard for the 21st Century

Никола Стојкоски: 7 август 2024, Theory of Perception: Where the Material Touches the Mental

Јасна Котеска: 8 август 2024, Global Social Epistemology for the Contemporary Globalized World

 

 

 

 

 

You may also like...