Натпревари по ФИЛОЗОФИЈА (2022)

Филозофското друштво на Македонија оваа година по трет пат организираше акредитирани натпревари по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV година средно образование.
Во периодот февруари-март Друштвото во соработка со колегите наставници од средните училишта успешно ги спроведе натпреварите во три нивоа: општинско, регионално и државно.
Општинските натпревари се организираа во 18 училишта во 12 градови во државата, додека на Регионалните натпревари (Велес – СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, Скопје – ПСУ „Јахја Кемал“, Тетово – СОУ „Кирил Пејчиновиќ“) учествуваа ученици од 13 училишта и 9 градови. Победниците од натпреварите и нивните ментори добија сертификати соодветни на постигнатиот успех.
На Државниот натпревар, којшто се одржа на 12 март на Филозофскиот факултет во Скопје, зедоа учество најдобро рангираните 25 ученици од Регионалните натпревари, односно ученици од 11 училишта од 7 градови од Републиката. На годинешните натпревари најдобро пласирани беа следните ученици
Ивана Стојанова (СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, ментор: Даниела Гражданлиева) и
Оливер Бутески (ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга, ментор: Фросина Постолоска);
Ана Димитрова (СУГС „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Јулијана Јолевска);
🥇
Марија Велинова (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева)
Овие ученици освен сертификати ќе добијат и пригодни награди во форма на книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје. Дополнително, од оваа година имаме рангирање и според бодовна скала (едно место пет бодови, почнувајќи од ученикот со најмногу освоени бодови). Според тоа, прво места се учениците Марија Велинова и Ана Димитрова, додека трето место заземаат учениците Ивана Стојанова, Оливер Бутески и Павел Поп-Димитров (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева). Овие ученици ќе добијат соодветни сертификати и според вака профилираниот пласман.
Филозофското друштво на Македонија од се срце им честита на најдобро пласираните ученици и нивните ментори. Честитки, секако, и за сите останати ученици и ментори што зедоа учество на натпреварите.