Светски ден на филозофијата 2025
Повик за симпозиум
Како дел од 22. одбележување на Светскиот ден на филозофијата (20 ноември 2025), Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, организираат СИМПОЗИУМ на тема:
ФИЛОЗОФИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
За симпозиумот ги предложуваме следниве подтеми:
Улогата на филозофијата во образованието
- Филозофијата како основа за критичкото мислење, аргументацијата и дијалогот.
- Развој на вредносни ставови и лична автономија преку филозофското образование.
- Филозофски методи во наставниот процес.
- Меѓупредметни поврзувања: филозофски елементи и аспекти во другите наставни предмети.
- Филозофска писменост кај учениците.
- Филозофијата и воспитната улога на училиштето.
Филозофскиот корпус предмети во македонското образование
- Историјат и развој на наставата по филозофскиот корпус предмети во македонското образование (основно, средно и универзитетско образование).
- Наставни планови и програми: содржини, цели, застапеност според видовите училишта.
- Предизвиците во современото македонско филозофско образование.
- Филозофијата со деца како новитет во основното образование: пристапи, цели, предизвици, развој.
Филозофијата и образовната политика во Македонија
- (Не)застапеноста на филозофијата во актуелните концепции и предлог концепции за основното и средното гимназиско образование.
- Перцепцијата на филозофијата во јавниот дискурс за образованието.
- Предлози за унапредување: изборни предмети, воннаставни активности, поддршка за наставниците.
Филозофијата надвор од училницата
- Филозофијата и младинска култура: поп-филозофија, подкасти, социјални медиуми.
- Учество на ученици во филозофски натпревари, работилници, фестивали, дебатни клубови.
- Поврзување со НВО-секторот и граѓанските иницијативи.
- Филозофијата и кариерниот развој.
Не сметаме дека предложените подтеми ја исцрпуваат сета валидна тематизација на предложениот наслов, па затоа се добродојдени и други релевантни излагања.
Ве молиме насловите и апстрактите (200-300 зборови) на Вашите соопштенија да ни ги доставите на електронска адреса на Филозофското друштво на Македонија (macedonian.philosophy@gmail.com) најдоцна до 15 октомври 2025 година.
Известување за прифаќање на апстрактите ќе биде пратено најдоцна до
1 ноември 2025 година.
Сметајќи на вашата заинтересираност да земете активно учество во работата на симпозиумот, срдечно ве поздравуваме и ви благодариме за соработката.
Со почит,
Филозофско друштво на Македонија




