Повик за трудови
за „Филозофска трибина“

Редакцијата на списанието „Филозофска трибина“ објавува повик за доставување трудови за број 38, со темат ФИЛОЗОФИЈАТА КАКО ЖИВОТНА ПРАКТИКА.

Овој темат ги вклучува следниве подтеми, но не е нужно ограничен само на нив:

  • Како да се живее добро?
  • Смислата на постоењето
  • Филозофијата во секојдневието
  • Животот и среќата
  • Филозофска практика
  • Филозофско советување
  • Филозофијата како терапија
  • Филозофијата и менталното здравје
  • Филозофијата и животните одлуки
  • Филозофијата во професионалниот и општествениот живот
  • Филозофијата во организациите и бизнисот
  • Применета филозофија и етика

Покрај трудовите во врска со тематот, добредојдени се и останати авторски есеи, прикази на книги, преводи и сл.

Трудовите треба да се испратат на официјалната контакт e-mail адреса на списанието: filozofskatribina@outlook.com, адресирано до Главниот и одговорен уредник, Александар Стаматов.

Краен рок на доставување на трудовите е 30 септември 2025 година.

„Филозофска трибина“ објавува текстови на македонски, англиски или некој од сродните јужнословенски јазици.

Текстовите се праќаат во Word формат и треба да содржат: име и презиме на авторот, наслов на текстот, информации за академскиот статус и институцијата во која работат (контакт информации).

За трудовите од тематот и авторските есеи потребен е и апстракт на еден од светските јазици (200­-300 зборови), коj треба да ги има следните компоненти: име и презиме на авторот и наслов на текстот. Цити­рањето е според преференцијата на авторите – единствено е неопходно целосно и доследно да се спроведува избраниот модел. Пожелно е текстовите да не преминуваат 8,000 зборови, вклучително со библиографијата.

You may also like...