Научен собир: 80 ГОДИНИ
ОД ХОЛОКАУСТОТ
НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ

На 26 декември (вторник) ќе се одржи Научен собир на тема: 80 ГОДИНИ ОД ХОЛОКАУСТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ. Организатори на собирот се: Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската наука на науките и уметностите, Филозофското друштво на Македонија, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот за Холокаустот на Евреите од Македонија, а негов покровител е претседателот на Републиката, Стево Пендаровски. Меѓу останатите учесници на Научниот собир ќе земат учество и неколку наши колеги.

Научниот собир ќе се одржи во Амфитеатарот на МАНУ, со почеток во 10 ч.

Информации за Програмата на Научниот собир можете да најдете на следниот линк: https://drive.google.com/file/d/1w2XBuk4BJmHmizmHUjtSYGNdTZCmPwl8/view?usp=drive_link

You may also like...