Наградата „Константин Философ“
Филозофска книга на годината

Потсетуваме дека рокот за пријавување на наградата „Константин Философ“ во категоријата Филозофска книга на годината е до 15 јануари 2024 година. Предлози (номинација) за наградата може да поднесе секој полнолетен граѓанин на нашата земја, групи или здруженија на граѓани, или институции што се занимаваат со образовна, научна и истражувачка дејност.
Предлогот се смета за валиден доколку во посочениот рок стигне на адресата на Филозофското друштво на Македонија: бул. Гоце Делчев 9А, 1000 Скопје (Филозофски факултет) или на официјалната електронска адреса: macedonian.philosophy@gmail.com. (За предлозите испратени по пошта краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во подолу назначениот рок за предавање.)
Предлогот треба да содржи образложена пријава, како и да се испрати еден примерок од делото на горенаведената адреса на Друштвото, и/или финална .пдф верзија од делото на посочената електронска адреса.
Добиените предлози ќе ги разгледа и ќе донесе соодветна одлука тричлена стручна Комисија назначена од страна на ФДМ. Одлуката ќе се објави во средствата за јавно информирање и социјалните канали на Друштвото, десет дена пред свеченото доделување, односно на 1 март 2024 година. Свеченото доделување на наградата „Константин Философ“ за Филозофска книга на годината ќе се изврши на 11 март 2024 год., (со оглед на тоа што 10 март, денот на Филозофското друштво на Македонија, се паѓа во недела.)
Целосниот текст на Конкурсот во сите три категории можете да го преземете тука.
.