„МАНЧЕВСКИ: ПЕТ ЕСЕИ“
ТРЕТО ИЗДАНИЕ ВО ЕДИЦИЈАТА ФИЛМОСОФИЈА

Со огромна радост известуваме дека неодамна излезе од печат публикацијата МАНЧЕВСКИ: ПЕТ ЕСЕИ од реномираниот во светски рамки македонски режисер Милчо Манчевски. Изданието е двојазично (на македонски и на англиски јазик) и излегува како „трето дете“ во едицијата Филмософија на Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот Филмски Фестивал / Philosophical Film Festival. Книгата содржи есеи (и нивни соодветни преводи) пишувани во различен период (почнувајќи од 1994 па се до 2022 година), коишто егземпларно кореспондираат со интенцијата на едицијата да истражува во флуидните простори меѓу филмот и промислувањето за него. Авторот на предговорот, проф. д-р Иван Џепароски, во самиот заглав: „Три во едно: Сценаристот и режисерот како есеист“, индикативно ја доловува носечката нишка. Дизајнот на корицата е на нашат долгогодишна соработничка Катерина Тери Николовска.

Публикацијата излегува со поддршка на Министерството за култура и може да се најде во Книжарница Или Или, Култура – Во светот на книгите, Буква, а од наредната недела и во медијатеката на Кинотека на С. Македонија.

 

You may also like...