Македонскиот натпревар за филозофската Олимпијада

📆На 2 април во просториите на ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје во организација на Филозофското друштво на Македонија се одржа македонскиот натпревар за филозофската олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO).

✏️На натпреварот учествуваа 13 ученици од 7 гимназии од земјава и според пропозициите на IPO се состоеше во пишување есеј на претходно непозната тема на еден светски јазик (во нашиот случај, англиски јазик) во времетраење од 4 часа.

🔍Петчлена стручна Комисија составена од реномирани универзитетски професори ги прегледа и оцени есеите.
🎖Двајцата учениците со најдобро оценети есеи (Марија Велинова од СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип и Андреј Петров од ПСУ „Алгоритам“ – Скопје) се стекнаа со право на учество на Меѓународниот натпревар на филозофската олимпијада во Лисабон (26-29 мај).

✈️На сите учесници на натпреварот им посакуваме понатамошен успех во академската кариера, додека на нашите учесници во Лисабон и достојно меѓународно претставување на нашата професија и држава.

You may also like...