Алумни предавање
со Јорданчо Секуловски

На 18 август (петок, 11 ч., Слушална 8 на Филозофски факултет во Скопје), Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје организираат предавање со колегата д-р Јорданчо Секуловски на тема: ЕТИКАТА НА ТЕЦУРО ВАЦУЏИ: КАТА КАКО МЕТА-АКСИОМА НА ЗНАЕЊЕТО ВО ЈАПОНИЈА.

Настанот е дел од  циклусот предавања АЛУМНИ, во чиишто рамки свои излагања имаат поранешни студенти на Институтот за филозофија, и кои имаат изградено успешна меѓународна кариера како предавачи и/или истражувачи на реномирани универзитети во сите краишта од светот.

Д-р Јорданчо Секуловски предава филозофија и хуманистички науки на Универзитетот Темпл во Јапонија. Тој е генерален уредник на Studia Philosophica (Chisokudo Publications / Публикации Чишокудо), како и организатор и координатор на серијата предавања за филозофија TUJ Philosophy Lecture Series. Дипломира на Филозофскиот факултет на Универзитетoт „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, магистрира и докторира на Универзитетот во Париз X под менторство на Франсоа Ларуел. Автор е на “Postures et pratiques de l’Homme: libéralisme, philosophie non-standard et pensée japonaise (2013).” Повеќе информации за Секуловски можете да најдете на: http://jsekulovski.wix.com/nonphi, како и на; https://sites.temple.edu/tujphilseries/; исто така и на Х (Твитер): @SekulovskiJ & @TujPhil.

 


 

On August 18 (Friday, 11 a.m., Lecture hall 8 at the Faculty of Philosophy in Skopje), the Philosophical Society of Macedonia and the Institute of Philosophy at the Faculty of Philosophy in Skopje are organizing a lecture with colleague Dr. Jordanco Sekulovski on the topic: TETSURO WATSUJI’S RINRIGAKU: UNDERSTANDING THE CONCEPT OF KATA AS A META-AXIOM OF KNOWLEDGE IN JAPAN.

The event is part of the ALUMNI lecture series, in which presentations are given by former students of the Institute of Philosophy who have built a successful international career as lecturers and/or researchers at renowned universities in all corners of the world.

Dr. Jordancho Sekulovski teaches philosophy and the humanities at Temple University in Japan. He is the general editor of Studia Philosophica (Chisokudo Publications), as well as the organizer and coordinator of the TUJ Philosophy Lecture Series. He graduated from the Faculty of Philosophy of the University “St. Cyril and Methodius” in Skopje and received his master’s degree and doctorate at the University of Paris X under the mentorship of François Laruelle. He is the author of “Postures et pratiques de l’Homme: libéralisme, philosophie non-standard et pensée japonaise (2013).” More information about Sekulovski can be found at: http://jsekulovski.wix.com/nonphi, as well as at; https://sites.temple.edu/tujphilseries/; also on X (Twitter): @SekulovskiJ & @TujPhil

 

You may also like...