Алумни предавање
со Александар Ускоков
На 22 ноември (вторник, 18 ч., Zoom-платформа), Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје организираа онлајн предавање
со колегата д-р Александар Ускоков (Lector in Sanskrit, South Asian Studies Council,
Yale University, USA) на тема: ЗА ПОЗНАНИЕТО: ПЕРЦЕПЦИЈА, ЗАКЛУЧУВАЊЕ
И ЈАЗИЧКО ПОЗНАНИЕ ВО ВЕДАНТА.
Повод за настанот беше неодамнешното излегување од печат на публикацијата
„The Philosophy of the Brahma-sutra: An Introduction“ во рамките
на серијата Bloomsbury Introductions to World Philosophies, на реномираната американска издавачка куќа Bloomsbury.
https://www.bloomsbury.com/us/philosophy-of-the-brahmasutra-9781350150003/,
https://www.amazon.com/Philosophy-Brahma-sutra-Introduction-Introductions-Philosophies/dp/1350150002
Настанот е дел од циклусот онлајн предавања АЛУМНИ, во чиишто рамки свои излагања имаат поранешни студенти на Институтот за филозофија, и кои имаат изградено респектибилна меѓународна кариера како предавачи и/или истражувачи
на реномирани универзитети во сите краишта од светот.