Трибина: Метафизиката во современата аналитичка филозофија

 

Tрибината МЕТАФИЗИКАТА ВО СОВРЕМЕНАТА АНАЛИТИЧКА ФИЛОЗОФИЈА, организирана од Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, е можност за македонската публика да ги проследи предавања на два еминентни гости Стивен (Стефан) Прист (Stephen Priest), од University of Oxford од Англија, и Бенедикт Гек (Benedikt Paul Göcke) од Westfälische Wilhelms-Universität Münster во Германија.

Трибината/предавањата ќе се одржат на 26 и 27 август (четврток и петок) на Филозофскиот факултет, во Салата за седници со почеток во 11:00 часот.

Настанот ќе го отворат деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Горан Ајдински, продеканот за меѓународна соработка проф. д-р Лена Дамовска и претседателот на Филозофското друштво на Македонија и раководител на Институтот за филозофија проф. д-р Мирко Ѓошевски.

На 26.08.2010 ќе се одржат следниве предавања:

  1. Стивен Прист: Метафизички прашања (метафизичките прашања се автентични и на нив не може да се одговори само со анализа на поимите).
  2. Бенедикт Гек: Една можна светска рамка/основа за есенцијализамот

На 27.08. 2010 ќе се одржат следниве предавања:

  1. Бенедикт Гек: Филозофијата на Karl Christian Friedrich Krause (заборавен германски идеалист) и неговата важност за современата аналитичка филозофија на религијата.
  2. Стивен Прист: Критичката парадигма (главните движења во европската филозофија од Кант наваму се одвиваат во рамки на еден, во основа кантовски начин на размислување).

You may also like...