31. Меѓународна филозофска школа „Felix Romulliana“
Информираме за одржувањето на 31. Меѓународна филозофска школа „Felix Romulliana“ (Белград & Заечар). Темата на годинешниот собир гласи: „Филозофија и интелигенција – ризик од дигиталног тоталитаризма“. Од минатата година, освен во Заечар, Школата се одржува и во Белград, односно се одвива во два дела. Првиот, еднодневен собир, и во хибриден формат, во Белград (31 август); и вториот, тридневен, во Заечар (6-8 септември).
Филозофското друштво на Македонија соработува со оваа реномирана меѓународна филозофска манифестација од 2016 година. Годинава, наши колеги ќе учествуваат во првиот (Белградски) дел од Школата (31 август, сабота, 9:20 ч.), односно, д-р Бошко Караџов со тема: „Digital Paideia or Teaching Philosophy in McLuhan Galaxy: Challenges and Opportunities“ (10:00 ч.) и д-р Марија Тодороска со тема: „A Concept of ‘Futurity’ in Derrida, Malabou and Nancy“ (10:30 ч.).
Заинтересираните можат да го проследат настанот на следниот линк: https://meet.google.com/grs-oubn-agu