21. ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА

21-22 ноември 2024 (10 ч.), Филозофски факултет

На 21-22 ноември ќе го чествуваме Светскиот ден на филозофијата. Традиционално, настанот ќе биде отворен со Мал концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. м-р Дарко Багески. Собирот со пригодна реч ќе го поздрават деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески и претседателот на Филозофското друштво на Македонија, Љупчо Митковски. Потоа, ќе следи промоцијата на 35. издание на „Филозофска трибина“, за коешто промотивна реч ќе одржи м-р Александар Богатинов. На крајот од свечениот сегмент од Програмата е предвидено доделувањето на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година, којашто годинава му припадна на проф. д-р Мирко Ѓошевски.

Работниот дел од 21. одбележување на Светскиот ден на филозофијата е посветен на великиот германскиот филозоф, Имануел Кант (1724-1804), олицетворен преку дводневен симпозум на тема: 300 ГОДИНИ КАНТ. На него ќе земат учество петнаесет (15) истакнати филозофи и истражувачи, поделени во три сесии (Мирко Ѓошевски, Иван Џепароски, Стивен Фридман, Радомир Виденовиќ, Љубомир Гајдов, Марија Тодоровска, Бошко Караџов, Јасмина Поповска, Сања Дејановиќ, Марија Тодороска, Куштрим Ахмети, Сенка Анастасова, Моника Наумоска, Самуел Колономос Садикарио и Игор Поп Трајков).

Организатори на одбележувањето на Светскиот ден на филозофијата се Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија, а настанот ќе се одржи во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје (двата дена со почеток во 10 часот).

Постер

Програма

Музичка програма

Промоција на „Филозофска трибина бр. 35“

Книга на апстракти

 

You may also like...