Повик за учество на симпозиум

Организаторите на 8. Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“ (Центарот за стратегиски истражувања при Македонска академија на науките и уметностите, International Slavic University • Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе, Филозофски факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофско друштво на Македонија информираат дека е распишан Повик за учество на симпозиумот на тема: „Филозофијата и глобалните проблеми“ (PHILOSOPHY AND GLOBAL ISSUES). Симпозиумот оваа година ќе се одржи во онлајн формат, на 6-7 декември. Заинтересираните колеги треба да испратат апстракт, наслов и соодветни информации за академскиот статус и афилијацијата (се на англиски јазик) на следната адреса: konferencija@msu.edu.mk, најдоцна до 15 ноември. Повратни информации во однос на одлуките на Стручната комисија што ќе одлучува по пријавите ќе бидат испратени најдоцна до 25 ноември.

You may also like...