18. Светски ден на филозофијата (2021)

На  18. ноември, 2021 се одржа симпозиумот ФИЛОЗОФСКАТА МИСЛА ВО МАКЕДОНИЈА, во рамките на Светскиот ден на филозофијата. Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија (Филозофија Фзф УКиМ) при Филозофскиот факултет во Скопје (Филозофски факултет – Скопје) оваа година по 18-ти пат го одбележаа денот востановен од УНЕСКО кога низ и целиот свет се слави филозофијата, со фокус на нејзината перенијална и актуална вредност и придобивки.
 
На симпозиумот во три блок сесии зедоа учество единаесет (11) реномирани филозофи, научници, професори и истражувачи од земјата и странство.
Во првата сесија, која ја модерираше вонреден проф. д-р Трајче Стојанов учествуваа: проф. д-р Денко Скаловски, проф. д-р Мирко Ѓошевски и проф. д-р Иван Џепароски. Свеченоста беше отворена со пригодно обраќање на раководителот на Институтот за филозофија проф. д-р Ана Димишковска.
Втората сесија ја модерираше д-р Мартин Поповски и во неа учествуваа: проф. д-р Ристо Солунчев, проф. д-р Ана Димишковска, проф. д-р Радомир Виденовиќ и Слободан Беличански.
Третата сесија беше модерирана од вонреден проф. д-р Вангел Ноневски и на неа зедоа учество: д-р Бошко Караџов, вонреден проф. д-р Јасмина Поповска, вонреден проф. д-р Марија Тодоровска и вонреден проф. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ.
 
Повод за организирање на симпозиумот ФИЛОЗОФСКАТА МИСЛА ВО МАКЕДОНИЈА беа 75 години постоење на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет (со настава на македонски јазик) и 65 години од основањето на Филозофското друштво на Македонија.