Прв Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“

Од 2 до 4 септември во Скопје, Свети Николе и Охрид за првпат се одржа Меѓународен философски дијалог Исток-Запад на тема „Наука и религија“. На конференцијата учество зедоа стручњаци од Русија, Велика Британија, Србија, Хрватска, БиХ, Грција, Албанија и Македонија, а настанот е во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Филозофско друштво на Македонија.

Првата сесија се одржа во Скопје на 2. септември (среда) во 12 часот во МАНУ, а поздравни обраќања имаа претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, ректорот на Меѓународниот славјански универзитет Г.Р. Державин, Душан Николовски, и претседателот на Филозофското друштво на Македонија, Љупчо Митковски.

Во рамките на првата сесија свои излагања имаa професорот Фатос Тарифа од Тирана на тема „Слободата на убедувањето, јавната сфера и идеолошкиот тоталитаризам“, професорот Николас Вагхорн од Оксфорд на тема „Ништоста во пресекот на науката, филозијата и религијата“, професорката Татјана Сергеевна Пронина од Русија на тема „Религиозната преродба во пост-советска Русија“ и професорот Љубомир Цуцуловски на тема „Скепса и апологија“.

На 3. септември (четврток) во Свети Николе на Меѓународниот Славјански универзитет Г.Р. Державин се одржаа, исто така, две сесии. На првата сесија учество зедоа Игор Иванович Евлампиев (Русија) на тема „Концептот на религиозното искуство во руската филозофија од раниот 20-ти век“, Миколај Славковски-Роде (Велика Британија) на тема „Религиозното убедување, научното знаење и човековото искуство“, Марија Селак (Хрватска) на тема „Креативноста наспроти создавањето: теологија на човековото усовршување“ и Ристо Солунчев (Македонија) на тема „Религиозната егзистенција и смртта на државата“.

Истиот ден ќе се одржи уште една сесија на која се обратија Златиборка Попов-Момчиновиќ (Босна и Херцеговина) на тема „Кога науката 'ја среќава' религијата – случајот на помирување“, Марија Тодоровска (Македонија) на тема „Знаење и/или верување – можностите на науката за религијата“ и Самуел Хјуз (Велика Британија) на тема „Религиозното искуство и себството“

Последниот ден од меѓународната конференција се одржи на 4. септември (петок) во хотел „Гарден“ во Охрид, со две одделни сесии. На првата се обратија Ана Димишковска (Македонија) со „Метафизиката на можните светови: онтолошките претпоставки и импликации на модалната логика како формална логика“, Ралф Стефан Вир (Велика Британија) на тема „Физичката наука и душата“ и Панајотис Сомалис (Грција) на тема „Грегор Мендел и Лука Војно-Јасенецки: двајца научници од проповедница“. На завршната сесија излагања имаа Трајче Стојанов (Македонија) на тема „Руската религиска филозофија и современата наука: некои аналогии“, Јанко Нешиќ (Србија) на тема „Себства: Гледиштето на панпсихизмот“ и Јордан Шишовски (Македонија) на тема „(Не)одржливоста на идејата за не-преклопливите надлежности“.