Промоција
на Филозофска трибина бр. 36

На 10 март (понеделник), во Свечената сала на Филозофскиот факултет – Скопје, со почеток во 11:00 ч., ќе се одржи промоција на 36. број на списанието „Филозофска трибина“. Темата на бројот на оваа свеска на списанието гласи: „ФЕРИД МУХИЌ – ТВОРЕШТВО И ИНСПИРАЦИЈА“, односно бројот во целост е посветен на акад. Ферид Мухиќ.
Текстовите во бројот се класирани во две подрубрики: есеи и прикази. Во есеи се среќаваат статии од: проф. д-р во пензија Мирко Ѓошевски, проф. д-р во пензија Драшко Бјелица (Србија), проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Слаѓана Ристиќ Горгиев (Србија), проф. д-р во пензија Радомир Виденовиќ (Србија), д-р Гоце Смилевски, проф. д-р во пензија Златко Жоглев, проф. д-р Сузана В. Спасовска и проф. д-р Марија Леонтиќ; додека во прикази текстови од: акад. Шефкет Крциќ (БиХ), акад. Шербо Растодер (БиХ), проф. д-р во пензија Ѓуро Шушњиќ (Србија), проф. д-р Чедомир Чупиќ (Србија), проф. д-р Ана Димишковска, проф. д-р Фахира Фејзиќ Ченгиќ (БиХ), проф. д-р Бранко Горгиев (Србија) и Томислав Османли. Во списанието, исто така, е приложена обемната библиографија на проф. Мухиќ.
Промотор на бројот ќе биде проф. д-р Денко Скаловски. Освен тоа, на настанот пригодна беседа ќе одржи акад. Шефкет Крциќ: „Придонесот на Мухиќ во развојот на македонската, босанската, југословенската и европската филозофија“.
Повеќе за содржините на списанието можете да видите на следниот линк: https://fdm.mk/filozofska-tribina-36/.