ПРОМОЦИЈА НА ФИЛОЗОФСКА ТРИБИНА БР. 36, ВИДЕО

На 10 март 2025г., како дел од Второто одбележување на денот на Филозофското друштво на Македонија се одржа промоција на 36. број од списанието „Филозофска трибина“. Овој број на списанието е целосно посветен на нашиот професор, акад. Ферид Мухиќ (темат: „ФЕРИД МУХИЌ – ТВОРЕШТВО И ИНСПИРАЦИЈА“) и во него се поместени 17 текстови, како и обемна библиографија на трудовите на проф. Мухиќ.

Списанието го промовираше проф. д-р Денко Скаловски, додека акад. Шефкет Крциќ одржа пригодна беседа: „Придонесот на Мухиќ во развојот на македонската, босанската, југословенската и европската филозофија“. На собирот се обрати
и д-р Авни Прешева.

Видеото од настанот можете да го проследите на YouTube каналот на Друштвото, односно на следниот линк: https://youtu.be/v_NZxkLd8Ag.

You may also like...