ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ERAZMUS+ ПРОЕКТ „SOPHIE“
На 5 јуни 2025 год. во Свечената сала на Филозофскиот факултет се одржа презентација на Еразмус+ проектот „Филозофија со деца за поширока социјална инклузија (SOPHIE)“. Проектот се спроведуваше во периодот 2022-2024 година, со партнери од Македонија (Филозофското друштво на Македонија, како носител на проектот и Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје), Грција (Националниот и Каподистриски универзитет – Атина) и Словенија (Словенечкото филозофско друштво). Проектот успешно се реализира и доби највисоки оценки за европски квалитет.
Настанот беше во коорганизација со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и на него пригодно се обрати директорот на Агенцијата, д-р Петар Богојески. Проектот го промовираше проф. д-р Јасмина Поповска, а во улога на учесник на проектот и реализатор на наставата по „Филозофија за деца“ (во IV, V и VI одделение), се обрати Билјана Шотаровска. Модератор на настанот беше Елена Цветковска од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.



