OFF ПРОГРАМА НА 15. ФФФ

Во најава на Главната програма на 15. ФФФ што ќе се одржи од 22-28 мај, оваа седмица се предвидени неколку случувања што се во поддржани од Британскиот совет. Имено, љубителите на експерименталниот филм ќе имаат можност да учествуваат/присуствуваат на два значајни настани инспирирани од делото на реномираната иранско-британска уметница и филмска авторка, Меријам Тафакори.
Меријам Тафакори е позната по својата работа со филмски колаж, архивски материјали и поетска нарација, преку кои истражува теми како меморијата, идентитетот, интимноста и цензурата во постреволуционерната иранска кинематографија. Нејзините дела се прикажувани на реномирани фестивали како Локарно, Торонто и New York Film Festival, но и во институции како MoMA и Tate Modern.
(1) Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори
Работилницата ќе се фокусира на методолошките пристапи на Тафакори, чија што кинематографска практика ги истражува сензуалноста и неизговореното во иранскиот филм. Учесниците ќе имаат можност да работат со колажни техники, реорганизација на постоечки визуелни архиви, текст и звук, со цел создавање нови релации, значења и наративи.
🎬 Теми на истражување:
- Како цензурата во иранската кинематографија поттикнува алтернативни визуелни и наративни стратегии;
- Како филмскиот колаж може да реинтерпретира постоечки слики и да создава нови значења;
- Употребата на персиска поезија и гласовни записи како средства за изразување потиснати емоции.
Фасилитатори: Артан Садику (филозоф и куратор), Ивана Мирчевска (уметница) и Ѓорги Пулевски (културен работник).
📅 27 март | 14:30 часот
📍 КСП Центар-Јадро
(2) Проекција на филмови и разговор со Меријам Тафакори
Како дел од OFF програмата на 15. издание на Филозофскиот филмски фестивал, ќе бидат прикажани четири значајни филмови на Тафакори:
🎬 Irani Bag (2021),
🎬 Nazarbazi (2022),
🎬 Code Names (2022) и
🎬 Mast-del (2023).
По проекцијата ќе следи онлајн разговор со авторката, модериран од страна на Ивана Мирчевска и Ѓорги Пулевски.
📅 28 март | 20:00 часот
📍 Музеј на современата уметност – Скопје