Едукативна програма, Доделување награди, циклус 2025
На 5 јуни во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје се одржа свечен настан на кој беа доделени наградите од годинешниот циклус натпревари за средношколските ученици што ги организира Филозофското друштво на Македонија. На настанот беа наградени најдобрите ученици од Државниот натпревар по филозофија, од македонскиот натпревар за Филозофската олимпијада, како и оние за Најдобар фил(м)ософски есеј во рамките на сегментот Средношколска видеолектира, дел од Едукативната програма на 15. Филозофски филмски фестивал.
1) Државен натпревар по филозофија
Оваа година по шести пат се одржаа акредитирани натпревари по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV година средно образование. Во периодот февруари-март, Друштвото во соработка со колегите наставници од средните училишта, ги спроведе натпреварите на две нивоа: општинско и државно. На Државниот натпревар, којшто се одржа на 15 март на Филозофскиот факултет во Скопје, зедоа учество 23 ученици од 8 училишта (7 градови) од Републиката. На годинешниот натпревар најдобро пласирани беа следните ученици.
Прво место:
-
- Мила Кралева (СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева.
Второ место:
-
- Ања Миленкова (СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Владимир Ѓуровиќ).
Трето место:
-
- Ивана Милеска (СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, ментор: Дијана Милеска – Чуркоска).
Првопласираните ученици добија пригодни награди во форма на книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје.
2) Македонски натпревар за Филозофската олимпијада
Годинава овој натпревар се одржа на 29 март на Филозлошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, со учество на 13 ученици од 7 гимназии (6 градови) од земјава. Според пропозициите на Меѓународната филозофска олимпијада (IPO), натпреварот се состои во пишување есеј на претходно непозната тема на еден светски јазик во времетраење од 4 часа. Петчлена стручна Комисија по анонимното оценување на есеите ги награди двата прворангирани ученици:
Прво место:
-
- Катерина Малеска (СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, ментор: Дијана Милеска Чуркоска; и
Второ место:
-
- Ања Миленкова (СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Владимир Ѓуровиќ).
Тие заедно со нивните ментори веќе учествуваа на Филозофската олимпијада којашто годинава се одржа во Бари, Италија (15-18 мај). На настанот учениците добија комплети книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје.
3) Најдобар фил(м)ософски есеј, Средношколска видео лектира
Годинава овој сегмент се одржа во соработка и со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Филм, којшто беше предлошка за пишување на есеите на тема: „Смртта како право, животот како должност: Што значи да се живее/умре достоинствено?“, беше филмот на Алехандро Аменабар „Во длабокото“ (Mar adentro/ The Sea Inside, 2004). Тричлена стручна комисија ги награди есеите на следните ученици:
Прво место:
-
- Мила Кралева (СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева;
Второ место:
-
- Игор Христовски (СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева;
Трето место:
-
- Ивана Милеска (СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, ментор: Дијана Милеска – Чуркоска).
Наградите се состоеја од книги, списанија и хонорари од Филозофското друштво на Македонија, книги од Филозофскиот факултет во Скопје и издавачката куќа „Аз-Буки“, стипендии од Универзитетот „Еуропа Прима“, едногодишна стипендија за изучување на шпанскиот јазик во „Casta Diva“ (Скопје) од Шпанската амбасада во Скопје (за првопласираната ученичка). Првонаградениот есеј ќе биде објавен во есенскиот број на списанието „Филозофска трибина“ во издание на Филозофското друштво на Македонија.



