ПОПОВСКА, МОНОГРАФИЈА
ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ
ИНСТИТУТ ЗА ФИЛОЗОФИЈА

Информираме за објавувањето на јубилејната монографија „80 години Институт за филозофија – 80 години развој на филозофската мисла на македонски јазик“
од проф. д-р Јасмина Поповска. 
 

Монографијата ја проследува историјата на Институтот преку неговото институционално оформување и развој, наставната и научноистражувачката дејност, развојот на филозофските дисциплини, издавачката дејност, проектите и меѓународната соработка, но и преку генерациите професори,
истражувачи и студенти кои ја создавале неговата историја.
 

Делото е објавено со поддршка на Филозофскиот факултет – Скопје и „Арс Ламина“, а својата промоција ја имаше на 14 септември во Музејот на современата уметност – Скопје, кога за делото промотивна реч имаа проф. д-р Борче Илиевски
и проф. д-р Ристо Солунчев.
 

Монографијата може слободно да се преземе од Репозиториумот на УКИМ, на следниот линк: 

https://repository.ukim.mk/entities/publication/90309f45-7559-4942-b4b3-62b2b0d2c4b1 

 

 

 

You may also like...