Светски ден на филозофијата 2025 
Повик за симпозиум 

Како дел од 22. одбележување на Светскиот ден на филозофијата (20 ноември 2025), Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, организираат СИМПОЗИУМ на тема: 

 

ФИЛОЗОФИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО 

 За симпозиумот ги предложуваме следниве подтеми:

 

 Улогата на филозофијата во образованието 

  • Филозофијата како основа за критичкото мислење, аргументацијата и дијалогот. 
  • Развој на вредносни ставови и лична автономија преку филозофското образование. 
  • Филозофски методи во наставниот процес.  
  • Меѓупредметни поврзувања: филозофски елементи и аспекти во другите наставни предмети. 
  • Филозофска писменост кај учениците. 
  • Филозофијата и воспитната улога на училиштето. 

 

Филозофскиот корпус предмети во македонското образование 

  • Историјат и развој на наставата по филозофскиот корпус предмети во македонското образование (основно, средно и универзитетско образование). 
  • Наставни планови и програми: содржини, цели, застапеност според видовите училишта. 
  • Предизвиците во современото македонско филозофско образование. 
  • Филозофијата со деца како новитет во основното образование: пристапи, цели, предизвици, развој. 

 

Филозофијата и образовната политика во Македонија  

  • (Не)застапеноста на филозофијата во актуелните концепции и предлог концепции за основното и средното гимназиско образование.  
  • Перцепцијата на филозофијата во јавниот дискурс за образованието. 
  • Предлози за унапредување: изборни предмети, воннаставни активности, поддршка за наставниците. 

 

Филозофијата надвор од училницата 

  • Филозофијата и младинска култура: поп-филозофија, подкасти, социјални медиуми. 
  • Учество на ученици во филозофски натпревари, работилници, фестивали, дебатни клубови. 
  • Поврзување со НВО-секторот и граѓанските иницијативи.  
  • Филозофијата и кариерниот развој. 

 

Не сметаме дека предложените подтеми ја исцрпуваат сета валидна тематизација на предложениот наслов, па затоа се добродојдени и други релевантни излагања. 

 Ве молиме насловите и апстрактите (200-300 зборови) на Вашите соопштенија да ни ги доставите на електронска адреса на Филозофското друштво на Македонија (macedonian.philosophy@gmail.com) најдоцна до 15 октомври 2025 година. 

 Известување за прифаќање на апстрактите ќе биде пратено најдоцна до
1 ноември 2025 година. 

 Сметајќи на вашата заинтересираност да земете активно учество во работата на симпозиумот, срдечно ве поздравуваме и ви благодариме за соработката. 

 

 Со почит,
Филозофско друштво на Македонија 

 

You may also like...