Македонска филозофска Олимпијада 2025

На 29 март на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ по четврти пат се одржа македонскиот натпревар за филозофската олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO) во организација на Филозофското друштво на Македонија. На натпреварот зедоа учество 13 ученици од 7 гимназии (6 градови) од земјава, односно од следните гиманзии: СОУ „Кочо Рацин“ – Велес,  СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка, СОУ „ Наум Наумовски – Борче “ – Пробиштип, СУГС „Никола Карев“ – Скопје, СУГС „Орце Николов“ – Скопје, СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга и СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип. Согласно пропозициите на IPO, натпреварот се состоеше во пишување есеј на претходно непозната тема (со избор од три понудени теми) на англиски јазик во времетраење од 4 часа. Петчлена Комисија составена од универзитетски професори и доктори на филозофски науки ги прегледа и оцени есеите. Според нивната одлука, со право на учество на Меѓународниот натпревар на филозофската олимпијада во Бари, Италија (15-18 мај) се здобија учениците што ги освоија првите две места: Катерина Малеска од СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, ментор: Дијана Милеска Чуркоска и Ања Миленкова од СУГС „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Владимир Ѓуровиќ.

Им благодариме на сите ученици и наставници ментори за интересот и покажаните резултати; истовремено, на учениците што ќе учествуваат на филозофската олимпијада во Бари им посакуваме успех и убаво другарување со врсниците од целиот свет.

 

You may also like...