Повик за учество на симпозиумот на 21. Светскиот ден на филозофијата

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија, упатуваат Повик за учество на симпозиумот во рамките
на 21. одбележување на Светскиот ден на филозофијата (21 ноември 2024).

Темата на годинешниот симпозиум е поврзана со големата годишнина од раѓањето на германскиот филозоф, Имануел Кант (1724-1804) – 300 ГОДИНИ КАНТ. После
20 години, кога во Битола (5-6 јуни, 2004) беше организиран дводневен симпозиум по повод 200 години од смртта на мислителот од Кенисберг, КАНТ – КАТЕГОРИЧКИ ИМПЕРАТИВ НА СОВРЕМЕНОСТА, ова ќе биде втор симпозим што во овој милениум нашата филозофска заедница го посветува на Кант.

Организаторите ги охрабруваат сите пријави коишто ќе покажат релевантен и компетентен пристап кон личноста, делото, идеите, влијанието на Кант.

Заинтересираните колеги, кон своите пријави (апстракти), треба да ги назначат целосното име, афилијацијата и електронската адреса за контакт. Насловот и апстрактот (максимум 300 зборови) на изложувањата треба да бидат испратени на адресата: macedonian.philosophy@gmail.com, најдоцна до 15 октомври 2024 година.

Известување за прифаќање на апстрактите ќе биде пратено
до 1 ноември 2024 година.

Организациски тим на 21. Светски ден на филозофијата

 

You may also like...