Трет Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Филозофското друштво на Македонија се одржа Третиот меѓународен философски дијалог „Исток – Запад“. Годинешна тема на собирот е „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“. На овој веќе етаблиран интернационален филозофски настан учество зедоа истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од Франција, Русија, Србија и Македонија.

Дијалогот се одржува во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид. Отворањето е на
4 октомври (среда), во МАНУ, со почеток во 12 часот. На 5 октомври (четврток) дијалогот продолжува во Битола, во просториите на Меѓународниот славјански универзитет
„Г.Р. Державин, со почеток во 11 часот. Собирот завршува на 6 октомври (петок) во Охрид,
во куќата „Уранија“, со почеток на последната сесија во 11 часот.