Филозофски истражувања

СТАДИУМИТЕ НА РАЗВОЈ НА ЛИЧНОСТА ВО ФИЛОСОФИЈАТА НА СОРЕН КИРКЕГОР
Ана Петровска
издавач: Филозофско друштво на Македонија година на издавање: 2025
СТАДИУМИТЕ НА РАЗВОЈ НА ЛИЧНОСТА ВО ФИЛОСОФИЈАТА НА СОРЕН КИРКЕГОР е публикација со која се востановува новата едиција на Филозофското друштво на Македонија – Филозофски истражувања.
Во својата рецензија кон книгата проф. д-р Љубомир Цуцуловски, меѓу другото, истакнува:
Интересот на оваа книга е фокусиран на оној дел од филозофијата на Киркегор кој се однесува на трите стадиуми низ кои личноста поминува во својот развој. Тоа се следниве стадиуми: религиозниот, естетскиот и религиозниот стадиум. Меѓутоа, интересот на м-р Ана Петровска не се задржува само на трите стадиуми во развитокот на личноста, што е и сосема природно, бидејќи не можат целосно да се разберат, ако не се доведат во корелација со другите аспекти од учењето на Киркегор. Токму во овој контекст, посветено е неопходното внимание врз дефинирањето на поимот „егзистенција“, кој е еден од клучните поими кај Киркегор, бидејќи според многумина познавачи на филозофијата овој дански филозоф се смета за зачетник на филозофијата на егзистенцијата.
Во улога на уредник на едицијата и на оваа публикација се јавува проф. д-р Ана Димишковска. Лектурата е на Валентина Бачваровска, додека дизајнот на корицата е на Мирјана Обедниковска. Издавањето на публикацијата е поддржано од Министерството за култура и туризам.



