
Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, и Филозофското друштво на Македонија го одржаа Четвртиот меѓународен философски дијалог „Исток – Запад“. Тема на годинешниот симпозиум е „Биоетиката на крстопат“ (Bioethics on Crossroads), а гости се истакнати филозофи, научници и истражувачи од Канада, Русија, Грција, Албанија, Србија, Хрватска и Македонија. Симпозиумот се одржа од 3-5 октомври во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид. Отворањето традиционално беше во МАНУ на 3 октомври (среда) со почеток во 11 часот.