23. СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈА

На 17 ноември по 23. пат во нашата земја ќе се чествува Светскиот ден на филозофијата. Настанот, по јубилеен десети пат, ќе биде отворен со Мал концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. м-р Дарко Багески. Собирот со пригодна реч ќе го поздрават деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески и претседателот на Филозофското друштво на Македонија, Љупчо Митковски. Потоа ќе следи промоцијата на 39. број на списанието „Филозофска трибина“ со промотивна реч на д-р Трајче Серафимовски. Кулминација на свечениот сегмент од Програмата ќе биде доделувањето на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година, којашто годинава ѝ припадна на проф. д-р Вера Георгиева.
Централен дел од 23. одбележување на Светскиот ден на филозофијата претставува симпозумот на тема: 100 ГОДИНИ ФУКО: СУБЈЕКТ, ЗНАЕЊЕ, МОЌ. На него ќе земат учество девет (9) истакнати филозофи и истражувачи, поделени во две сесии (Стивен Фридман, Љубомир Гајдов, Данка Јовева, Марија Тодороска, Пантелеј Кондратјук, Бошко Караџов, Боби Ивановски, Томислав Захов и Игор Поп Трајков).
Локација: Свечена сала на Филозофскиот факултет, Скопје
Време: 9:00 ч.
Дневна програма на 23. Светски ден на филозофијата
Музичка програма
Промоција на Филозофска трибина
Книга на апстракти



