15. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ
(22-28 мај, Главна програма)

Информираме за претстојното јубилејно 15. издание на Филозофскиот филмски фестивал (15. ФФФ), чијашто Главна програма ќе се одржи во периодот 22-28 мај во скопската Кинотека.
Како и секоја година фестивалската програма се содржи од разновидни слотови: Ретроспектива (годинава посветена на Пјер Паоло Пазолини), Едукативна програма (со трите сегменти: Средношколска видеолектира, Работилница за млади и Фил(м)ософија за деца), компетитивни Селекции на краткометражен и долгометражен филм, Селекција на видеоесеи, Селекција на Турски краткометражни филмови во Придружната програма (со нашите пријатели од списанието „Синефилозофи“ од Турција), Ревијална програма: Филм-философија, со излагања на гости од Шпанија и Турција.
Фестивалот на 22 јуни (денес, четврток, 20:30) ќе биде отворен со незаборавното „Евангелие според Матеј“ (1964) на годинешниот режисер во фокус, споменатиот Пазолини. Со филмот се затвора ретроспективата во негова чест, во чии рамки беа прикажани уште и: „Љубовни заседанија“ (1964), „Теорема“ (1968), „Цар Едип“ (1967) и „Декамерон“ (1971), во соработка со Амбасадата на Република Италија во Скопје.
За времетраењето на Фестивалот во нашата Кинотека ќе можат да се погледнат:
- 5 филмови во Официјалната селекција на долгометражни филмови (селектор: проф. м-р Кирил Трајчев) – „Последен здив“ од Коста-Гаврас /FR/, „Универзален јазик“ од Метју Ранкин /CA/, „Новата година што никогаш не дојде“ од Богдан Мурешану /RO/RS/, „Шамбала“ од Мин Бахадур Бхам /NP/FR/NO/TR/HK/TW/US/QA/, „Паноптикон“ од Гиорги Сихарулиѕе /GE/FR/.
- 15 филмови во Официјалната селекција на краткометражни филмови (селектор: д-р Дејан Здравков) – филмови/копродукции од 20 земји: Египет, Русија, Италија, Хрватска, Бугарија, Мексико, Португалија, Австралија, Шведска, Аргентина, Германија, САД, Франција, Белгија, Швајцарија, Холандија, Гватемала, Турција, Венецуела, Канада.
- 4 филмови во Селекцијата на видеоесеи (селектор: м-р Ивана Мирчевска) – „Бесконечниот свет“ од Лукас Бергер /АТ/, „Случајни животни“ од Лејла Фатима Кеита /DE/, „Дневникот на едно небо“ од Лоренс Абу Хамдан /LB/GB/, „Последни нешта“ од Дебора Стратман /US/FR/PT/.
- 4 филмови во Ревијалната програма „Филм–философија“ – „Евангелие според Матеј“ (1964) од Пјер Паоло Пазолини /IT/FR/; „Изгубен автопат“ (1997) од Дејвид Линч /US/FR/, излагање и дискусија со публика: д-р Озер Озкантар (Турција); „Светите невини“ (1984) од Марио Камус /ЕS/FR/, излагање и дискусија со публика: д-р Мартин Ередеро Кампо (Шпанија); „Витгенштајн“ (1993) од Дерек Џарман /GB/JP/, видео омаж со Ернесто Ередеро дел Кампо (Шпанија).
- 3 филмови во Придружна програма, Турски краткометражни филмови „ Филозофија низ кратки филмови“, курирана од проф. д-р Сердар Озтурк (Турција) – „Обичај“ од Али Риза Бајазит, „Ми светна“ од Тувана Симин Ѓувај, „И мене така…“ од Еџе Акалан Алаѓоз.
Целосната програма на 15. Филозофски филмски фестивал е достапна на веб-страницата: pff.mk, а овде е и линкот од електронската верзија на Каталогот.
Билетите во Кинотека се во редовна продажба со вообичаената цена – 150 денари.