Конкурс за натпревари по филозофија, 2024/25

Филозофското друштво на Македонија на 17 декември 2024 год. го објави Конкурсот за организирање натпревари по предметот ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV год. средно образование. Конкурсот е испратен до сите средни училишта во нашата земја и на него можат да учествуваат учениците од средните училишта што во IV год. го учат предметот ФИЛОЗОФИЈА.

Натпреварите се организираат на три нивоа: општинско, регионално и државно. Општинските натпревари ќе се одржат во периодот 29 јануари – 1 февруари 2025 год., додека регионалните натпревари е предвидено да се одржат во четири градови (Скопје, Велес, Тетово и Битола) на 22 февруари 2025 година. Државниот натпревар ќе се одржи на 15 март 2025 год., на Филозофскиот факултет во Скопје.

Македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad, мај 2025 год., Бари, Италија) ќе се одржи на 29 март (сабота). Местото на одржување дополнително ќе биде утврдено.

Во продолжение сите потребни информации и документи за натпреварите:

Конкурс

Акредитација

Пријава

You may also like...